Бивш фудбалер на Партизан доживеа страшна сообраќајка – се удри во камион! ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Партизан, Никола Нинковиќ вчера околу 16 часот доживеал тешка сообраќајка на пат кон Загреб, откако се удрил во непрописно паркиран камион.

Нинковиќ поради тешките повреди на главата е префрлен во најблиската болница, а во вечерните часови бил пуштен на домашно лекување.

Српските медиуми пишуваат дека Нинковиќ доживеал потрес на мозок, а имал и неколку скршени заби и исеченици на јазикот.

„Никола викендот го мина во Србија и се враќаше во Италија. Го испративме околу еден ипл, а по четири попладне се јави на братот Немања дека имал сообраќајка. Беше свесен, полицијата правела увид, а тој е сместен во болница“, открива таткото на Нинковиќ.