Бивш фудбалер на Реал Мадрид прегазен од девојка му со автомобил!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хесе Родригез важеше за голема надеж на Реал Мадрид, но никогаш не успеа да ги оправда очекувањата и неговата кариера замина во друг правец.

Шпанецот пред неколку години беше во центар на внимание кога поранешната девојка Аура Руиз го обвини дека го занемарил нивното дете кое има здравствени проблеми.

Хесе има пет деца со три различни жени, а очигледно наскоро по шести пат би можел да стане татко, а овој пат мајката ќе биде Роко Амар, која е бремена.

Сепак, родригез очигледно уште има недоразбирања со Руиз, а по една караница се случил сериозен инцидент, кога таа го прегазила со автомобил.

Хесе бил повреден, односно бившата девојка му поминала врз ногата и тоа би можело да му ја уништи фудбалската кариера.