Бивш играч на Интер заглавен во Дубаи по нападот: Моравме да се скриеме во подрум, не можеме да излеземе


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Поранешниот италијански репрезентативец и некогашен фудбалер на Интер, Торино и Монца, Данило Д’Амброзио, во моментов е блокиран во Дубаи откако градот беше погоден од напад со дрон.

Според информациите од Италија, неколку ракети погодија луксузни хотели во градот во Обединетите Арапски Емирати, а ситуацијата драстично се влоши во текот на ноќта. Д’Амброзио требаше денеска да отпатува назад во Италија, но аеродромот е затворен и во моментов нема можност за враќање.

Д’Амброзио преку телефон се јави во програмата на Скај Спорт и ги опиша загрижувачките моменти кои ги доживеал со своето семејство.

„Побегнавме во куќата на пријател, бидејќи ни советуваа да не остануваме во одредени објекти. До пред неколку часа ситуацијата беше прилично мирна, но потоа се огласи алармот и се спуштивме во подрумот. Требаше да тргнеме утре, но аеродромот е затворен. Нема целосна паника, неколку часа сме во овој подрум, но сигурно не е лесна ситуација, особено за оние кои не се навикнати на вакви околности“, рече Д’Амброзио.