Бивш македонски репрезентативец потпиша за Шибеник


Фудбалски викенд за уживање ↓↓↓


Хрватскиот прволигаш Шибеник го промовира поранешниот македонски репрезентативец Леонард Жута како најново засилување.

Жута потпиша едногодишен договор со Шибеник, но истиот би можел да биде продолжен на уште една сезона.

„Среќен сум поради доаѓањето во Шибеник, каде низ кариерата досега сум играл многу пати. Дојде време да го облечам портокаловиот дрес“, кажа Жута.