Бившиот вардарец Борозан се пресели во Катар


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот ракометар на Вардар, Вуко Борозан го напушти гигантот Веспрем по две години и си замина во катарски Ал Араби, каде што треба да игра во следните две сезони.

Борозан во минатото имаше понуда и да игра за репрезентацијата на Катар, поради тоа што нема настап на Црна Гора од 2017 година, па би можел наскоро да го облече нивниот дрес.

Црногорскиот интернационалец мина две години во Веспрем, а неговата авантура во Унгарија заврши слично на таа во Вардар во 2019 година.