Бизнисмен ќе заврши 18 месеци во затвор поради несреќата на Сала


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бизнисменот Дејвид Хендерсон пред безбедноста на патникот ја ставил својата работа поради што животот го загуби аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала и пилотот Дејвид Иботсон.

Аргентинецот почина во 2019 година, откако неговиот авион се урна во англискиот канал. Тој патуваше од Нант во Кардиф, каде што требаше да ја продолжи кариерата и да потпише договор вреден 15 милиони фунти.

Човекот кој го организираше летот, бизнисменот Хендерсон е осуден на 18 месеци затворска казна затоа што животот го загубија две лица.

Судијата Фокстон му кажа на Хендерсон дека намерно ги прекршил правилата на Управата за цивилно воздухопловство поради профит.

Адвокатот на Хендерсон кажа дека неговиот правен тим ќе ја разгледа казната и ќе се обиде да се жали на досудената пресуда.