Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претседателот Енрике Серезо призна дека Атлетико е на прагот од толку посакуваното засилување во шпицот.
Сега е се јасно – Атлетико напаѓачко засилување пронајде во Диего Коста!
Додуша, далеку е се тоа од готово, можно е и Бразилецот со шпански пасош да се врати во Мадрид, но јасно е дека Атлетико ќе направи се за да го доведе во ова лето.
Го потврди тоа и претседателот на клубот од Висенте Калдерон – Енрике Серезо.
„Диего Коста? Морам да признам дека сите овде многу го сакаме. Разговаравме со него и работиме на тоа да го вратиме во Атлетико. Блиску сме, но не смеам ништо повеќе да ви кажам“.
Со оваа реченица Серезо ги отфрли и сите други шпекулации на темата за напаѓачките опции…
„Карлос Бака е многу добар напаѓач, но нема да го купиме. Ги познаваме неговите добри страни, меѓутоа, тој не се вклопува во нашите планови. Ќе ви кажеме дека нема да купиме ниту еден напаѓач од италијанската лига, значи ниту Бака, ни Икарди или Гонзало Игуаин“.
Картите на маса. Атлетико повеќе не крие, на потег се Челси и Диего Коста.