Близок роднина на Бензема ја потврди одлуката на Дешамп? 📸


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Француските медиуми пишуваат дека Карим Бензема ќе се врати во репрезентацијата на Франција за натпреварите од Европското првенство (ЕП).

Дидие Дешамп вечерва ќе го објави списокот со фудбалер на Французите, а сите очекуваат по шест години пауза да се врати и Бензема во тимот.

Бензема за последен пат играше за Франција на 8 октомври 2015 година и тогаш беше исфрлен од тимот поради инцидентот со Валбуена, но сега Дешамп е подготвен да го врати во репрезентацијата.

Со оглед на тоа како игра сезонава, Бензема заслужи место меѓу најдобрите во репрезентацијата, а враќањето во националниот тим на некој начин го најави и негов близок пријател преку „Снепчет“.