Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешната голема sвезда Кевин Принс Боатенг ја продолжува кариерата во Серија Б.
Искусниот 33-годишен офанзивен играч се согласи да соработува со новиот член на втората лига на италијанскиот фудбал, Монца. Тој синоќа потпиша договор и ќе ги засили редовите на овој тим предводен од славниот Силвио Берлускони.
Берлускони сака што побрзо да ја претстави Монца во друштвото на најдобрите италијански клубови. Затоа пристигнуваат бројни засилувања, а Боатенг е уште едно во серија.
Претходно, Монца издвои 4,5 милиони евра за Мирко Мариќ, пристигна талентираниот Бразилец од Коринтијанс, Карлос Аугусто, а пристигнаа уште неколку навистина одлични играчи.
Монца сигурно нема да биде просечен тим во Серија Б и нема да биде ни чудо дали оваа екипа е на самиот врв на табелата оваа сезона.
Боатенг минатата сезона играше за Бешикташ на позајмица од Фиорентина, а во богатата кариера во која смени многу клубови, играше за тимови како Барселона, Милан, Борусија, Тотенхем …