Бобан и Малдини имаат изненадување за навивачите: Милан носи две одлични засилувања


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Звонимир Бобан и Паоло Малдини планираат да ги израдуваат навивачите на Милан. Во текот на преодниот рок „росонерите“ досега ги ангажираа Тео Ернандез и Круниќ, но навивачите чекаат уште засилувања.

Италијанските медиуми пишуваат дека новата управа на Милан преговара со Мемфис Депај и Мартен де Рон, двајца Холанѓани, кои имаат ист агент.

Милан, наводно, има голема шанса да ги донесе сите, но секако ќе мораат да платат многу пари за нив, со оглед на тоа дека никој од нив не е ефтин, па најверојатно со тие две засилувања ќе се заврши преодниот рок.

Сепак, таквите информации ги израдуваа фановите, кои сметаат дека конечно ќе имаат екипа подготвена да се бори за пласман во Лигата на шампиони.