Боели чекаше со нетрпение: Потер донесе одлука за можен трансфер на Роналдо


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Челси, Тод Боели сè уште не знае за пораз на клупата на англискиот гигант, а веќе размислува за нови засилувања на екипата која оваа сезона не игра најдобро, но блиску е до врвот.

Пјер-Емерик Обамејанг пристигна летово како засилување за нападот и постигна неколку голови, но сепак тоа не е доволно за клуб како Челси, па газдата на тимот, Тод Боели посака да го купи Кристијано Роналдо.

Роналдо не е во најдобри односи со раководството на „ѓаволите“ и тренерот Ерик Тен Хаг и сака да замине, а со Челси се поврзуваше уште минатото лето, но тогаш Томас Тухел не прифати таков трансфер.

Боели се надеваше на позитивен одговор кај Потер, но новиот стратег на Челси мисли исто како неговиот претходник, односно не гледа потреба од ангажман на Роналдо.