Боели се разочарал: Челси нема да го купи Осимен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси има ужасна сезона и летово ќе прави ремонт на екипата со цел да се врати во трка за титулата, а газдата Тод Боели веќе почнал да бара нов напаѓач.

Англиските медиуми пишуваа дека Виктор Осимен од Наполи е идеално решение за „сините“ од Лондон, но така не мисли Боели.

Боели испратил скаути во Серија А за да го гледаат Осимен на мечот меѓу Монца и Наполи (2-0) и тие биле разочарани од неговиот настап.

Американскиот милијардер не сака да даде 130 милиони евра за услугите на Осимен и затоа ќе бара решение во нападот на друго место, а како потенцијално засилување се споменува Хари Кејн од Тотенхем.