Богдановиќ по поразот од САД: Не сакам да ги коментирам судиите


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Капитенот на Србија, Богдан Богдановиќ беше разочаран по поразот од САД со 91-95 во полуфиналето на Олимписките игри во Париз.

Кошаркарот на Атланта кажа дека не сака да ги критикува судиите, но смета дека можеле да бидат подобри.

„На Американците не им треба ваква помош против нас. Игравме добро, а јас не сакам да размислувам како губитник“, кажа Богдановиќ.

Богдановиќ посочи дека очекуваат победа против Германија во битката за бронзен медал.