Богдановиќ по продолженија го запре неверојатниот Дончиќ (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарите на Детроит пистонс триумфираа со 131-125 против Далас маверикс по продолженија, а повторно одличен на паркетот беше словенечкиот играч Лука Дончиќ кој постигна 33 поени и 10 скокови.

На стартот се водеше тешка борба, по што Детроит во вториот дел направи чекор кон победата и ја доби третата четвртина со 38-29, но сепак Далас на крилјата на Дончиќ и Хардавеј се врати во игра.

Во продолженијата Детроит играше добро, а Дончиќ не можеше повторно да го предводи својот тим до победата затоа што не доби соодветна помош од соиграчите.

Во екипата на Детроит најдобар беше хрватскиот кошаркар Бојан Богдановиќ со 30 поени, додека Хејс додаде 22 поени.