„Бомба“: Азар се враќа во Челси!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден Азар би можел да направи уште еден сензационален трансфер во неговата кариера и да се врати во Челси, каде што стана еден од најдобрите во светот по што замина во Реал Мадрид.

Белгискиот репрезентативец не успеа да ги оправда очекувањата во Мадрид, откако потпиша за Реал во 2019 година и наводно ќе се врати во Лондон, каде што му одеше најдобро.

Најголем проблем во Шпанија му се повредите затоа што за две години се повреди дури 12 пати, а неодамна во средбата на Белгија и Франција по четврти пат во кариерата заработи незгодна повреда на тетивата на десната нога.

Не е познато дали ќе игра за „кралевите“ против Шахтер во Лигата на шампиони, како и во „Ел Класико“, па поради повреда на тетива досега од теренот отсуствуваше по еден месец.

Азар оваа сезона стигна до една асистенција во осум настапи за Реал во Ла Лига, додека за Челси во кариерата постигна 110 голови и 92 асистенции.