Бомба: Левандовски се сели во Реал Мадрид?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Роберт Левандовски има договор на уште две години, па за неговата иднина ќе решава Баерн Минхен, кој нема намера да продава фудбалери на другите клубови, но ова лето има добра шанса да земе пари за Полјакот.

Менаџерот на Левандовски, Пини Захави сака да преговара со заинтересираните клубови,а  цената на Полјакот би била 60 милиони евра, што е големо изненадување.

Левандовски има 32 години, но сигурно би играл уште неколку добри сезони, а оваа сезона постигна 43 гола на 37 натпревари.

Јулијан Нагелсман ќе биде нов тренер на Баерн од следната сезона, па сигурно сака да го подмлади тимот, а тоа значи дека Полјакот би можел да замине додека неговата цел е само една – Реал Мадрид.

Флорентино Перез нема пари за Ерлинг Халанд или Килијан Мбапе, но би можел да одвои одредени средства да добие уште еден одличен напаѓач, односно Левандовски.