Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Ливерпул е многу близу до реализација на еден од најголемите трансфери ова лето, откако според информациите од доверливиот британски новинар Бен Џејкобс постигнаа договор со Париз Сен-Жермен за обесштетување за Бредли Баркола.
Црвените веќе некое време се обидуваат да го доведат францускиот репрезентативец, а сега изгледа дека успеале да направат клучен чекор кон завршување на трансферот.
Ливерпул ќе плати дури 123 милиони евра за крилниот играч, додека со бонусите конечната вредност на трансферот може да се зголеми до неверојатни 144 милиони евра.
Тоа би бил огромен потег за Ливерпул, кој очигледно е спремен да издвои рекордни средства за дополнително засилување на офанзивниот дел на тимот.
















