Бомба – Манџукиќ во Премиер лигата?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Додека Јувентус преговара околу своето најголемо купување во историјата, може да останат без одличниот Хрват.

Дали Јувентус ќе го доведе Гонзало Игуан?

Наполи денеска повторо одби да преговара, и сега единствен начин за Јуве е да ја плати клаузулата од 94 милиони евра.

Ќе видиме дали тоа ќе се случи, а ако Аргентинецот стигне, се зборува дека Манџукиќ кој со Дибала беше неприкосновен ќе го напушти Торино.

Наводно, за него интерес покажа Арсенал, но и Вест Хем кој не успеа да го доведе Бака беше спремен да плати околу 25 милиони евра за одличниот Хрват.

Славен Билиќ гледа во Манџукиќ како идеално засилување, веќе доведе шестмина играчи, пред вратите и е Џонатан Калери, Аргентинец од Бока, но искусниот напаѓач од Јувентус би бил засилување по мерка.

Во секој случај, Манџукиќ или Заза по доаѓањето на Аргентинецот ќе станат прекубројни, па останува да се очекува расплетот околу Пипита, чиј брат и агент Николас, демантираше дека договор е постигнат, но призна разговор со Јувентус.

Од друга страна, тој повтори дека Игуаин нема да го продолжи договоро со Наполи бидејќи не го гледа како клуб кој може да создаде екипа која би се борела за титула, баш со Јувентус во Италија.