Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Следното лето би можеле да се случат два сензационални трансфери, а „виновник“ за тоа е УЕФА, која му забрани на Манчестер сити во следните две сезони да игра во Лигата на шампиони.
Поради тоа Сити би можеле да доживеат голем број промени и да загубат неколку ѕвезди, а според медиумите први ќе заминат Серхио Агуеро и Рахим Стерлинг, по што ќе тргнат по нивни стапки и Кевин Де Брајне и Ејмерик Лапорт.
Де Брајне и Лапорт би можеле да се преселат во Ливерпул, кој е наводно заинтересиран за нив и така сака дополнително да направи недопирлив тим.
Секако, Сити има право на жалба до УЕФА, но сигурно нема да им биде повлечена суспензијата, па останува да видиме што ќе се случува до следното лето.