„Бомба“ од Апенините: Арсен Венгер седнува на клупата на Милан


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот стратег, Арсен Венгер е сериозен кандидат за наследник на Марко Џампаоло на клупата на Милан.

Венгер е без работа откако по 22 години пред нешто повеќе од една година го напушти Арсенал, а сега би можел да се врати на голема врата.

Освен Венгер, за клупата на Милан се бори и Клаудио Раниери кој исто такаво моментов е без ангажман, а малку е веројатно на клупата да седне Максимилијано Алегри. Руди Гарсија и Андриј Шевченко исто така се во плановите на Милан, па кој ќе го наследи Џампаоло останува да се види.