Бомба од Островот, Герет Бејл преговара за враќање во Тотенхем


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претставниците на Герет Бејл преговараат за трансфер на играчот назад во тимот на Тотенхем.

Велшанецот блескаше во дресот на „петлите“, а потоа направи трансфер во Реал Мадрид каде беше одличен на почетокот, но сега е непосакувано во Мадрид.

„Кралскиот клуб“ по секоја цена сака да се ослободи од него, а интересот од Тотенхем за нив е добредојден, само ќе треба да договорат како ќе се реализира трансферот.

Агентот на Бејл преговарал и со други клубови од Премиер лигата, се претпоставува и со Манчестер Јунајтед, но според најновите најави кои излегоа доцна вечерва, Бејл во моментов е најблиску до Тотенхем.