Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Ливерпул направи голем потег на пазарот, а веста која дојде доцна вечерва особено ги разбуди чувствата кај навивачите на англискиот гигант.
Фабрицио Романо објави дека Ливерпул договори позајмица на Роналд Араухо од Барселона, со што тимот ќе добие ново решение во последната линија.
Познатиот италијански новинар со информацијата додаде и познатото „ Here we go“, што е знак дека според неговите информации, договорот е практично постигнат.
Меѓу Ливерпул и Барселона е постигнат усмен договор, а сега договорот влегува во завршна фаза. Според Романо, договорот го одобрил и директорот на Барселона Деко.
Пристигнувањето на Араухо претставува големо изненадување, особено затоа што станува збор за фудбалер кој со години е еден од поважните членови на каталонскиот тим.
















