„Бомба“: Српски голгетер го менува Роналдо во Манчестер јунајтед!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Јувентус е во распад во моментов по заминувањето на раководството на Андреа Ањели, па се шпекулира дека неколку важни фудбалери би можеле да го напуштат клубов во јануари.

Манчестер јунајтед сака да ја искористи кризата во составот на „Старата дама“ и да го купи српскиот голгетер Душан Влаховиќ, откако си замина Кристијано Роналдо.

Тренерот Ерик Тен Хаг активно бара замена за Роналдо и очигледно Јунајтед ќе мора да плати околу 70 милиони евра за услугите на Влаховиќ, освен ако Јувентус не побара повеќе пари.

Новото раководство на „Старата дама“ наводно сака да продаде уште еден фудбалер, а тоа е италијанскиот талент Федерико Кјеза.