„Бомба“ во НБА: Далас ќе го договори Ирвинг?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Познатиот новинар Адријан Војнаровски објави дека Далас маверикс се сериозни заинтересирани за услугите на кошаркарот на Бруклин нетс, Кајри Ирвинг.

Преодниот рок во НБА-лигата трае до четврток, а Далас маверикс на сите начини се обидува да го ангажира Ирвинг.

Американецот побара трејд од Бруклин, а како главен кандидат се споменува Далас, кој е подготвен да му ги задоволи финансиските апетити на кошаркарот.