Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Најдобриот српски кошаркар Никола Јокиќ сака да ја заврши кариерата во Денвер Нагетс, но ќе почека уште малку за да го потпише новиот договор. Нема место за какви било шпекулации за потенцијално заминување, туку станува збор за чист бизнис, како што и самиот рече по победата на Србија против Босна во „Пионир“.
„Мојата идеја и желба е да останам во Денвер. Веројатно ќе потпишам следната сезона, причината е строго бизнис. Би сакал да останам во Денвер до крајот на животот, но тоа зависи од нив“, рече Никола Јокиќ откако оствари трипл-дабл учинок во дресот на Србија.
Никола Јокиќ ќе чека до следната година за да потпише продолжување на договорот, што би му овозможило да постигне историски договор со Нагетс. Како што пренесува ESPN, Јокиќ во летото 2027 година ќе добие право да потпише петгодишен договор вреден 359,5 милиони долари како слободен агент.
Тој договор би бил најголемиот во историјата на НБА и би ја зголемил неговата заработка на неверојатни 724 милиони долари. Јокиќ веќе има право да потпише четиригодишно продолжување на договорот вредно околу 280 милиони долари, но чекањето до следната пауза меѓу сезоните му носи значително подобри услови, што и ќе го искористи. Неговата лојалност не се доведува во прашање, но ова е шанса која не смее да ја пропушти.















