Адејеми по потпишувањето: Барса е најдобриот клуб на светот


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Новото засилување на Барселона, Карим Адееми, изјави дека доаѓањето во редовите на шампионот на Шпанија е исполнување на сон и можност што не можеше да ја одбие.

Германскиот репрезентативец кој пристигна од Борусија Дортмунд во трансфер вреден 22 милиони евра, првпат се обрати до медиумите по официјалното претставување што се одржа вчера.

Очекувањата се големи. Доаѓам во најдобриот клуб на светот и се надевам дека ќе му покажам на тренерот и на навивачите дека сум играч за Барселона“, рече Адееми.

Откри дека важна улога во неговата одлука имал тренерот Ханси Флик.

Тоа беше главната причина за моето доаѓање. Ми рече што му е потребно на клубот, а јас дојдов да покажам дека можам да одговорам на тие барања. Минатата сезона не беше моја најдобра, но Флик ми даде голема поддршка и ми рече да дадам сè од себе.”