„Бомба“ во НБА: Минесота се откажа од Карл Ентони Таунс!

Минесота тимбервулвс утрово се откажа од услугите на Карл Ентони Таунс, кој се сели во Њујорк никс, додека во спротивен правец ќе се преселат Џулиус Рендал и Деонте Дивиченцо.

Таунс беше член на Минесота од 2015 година и еден од лидерите на екипата, па сите беа зачудени од одлуката на клубот да се откаже од неговите услуги.

Дури и кошаркарот беше шокиран од одлуката на неговиот поранешен клуб, а тоа го покажа со кратката објава на „Твитер“ каде што напиша само три точки.