Бонучи: Ова беше натпревар во кој уживавме


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус синоќа славеа на големото дерби против Интер на Меаца со резултат од 2:1.

Интер и Јувентус одиграа одличен натпревар, а на крајот шампионот на Италија ја напушти Меаца со плус три бодови. Одлучувачкиот момент се случи кога на средината на второто полувреме Гонѕало Игуаин го совлада Хандановиќ и го постигна победничкиот гол за својата екипа.

После натпреварот дефанзивецот на гостинскиот тим Леонадрдо Бонучи изјави дека ова бил натпревар во кој уживал целиот тим и дека тој конечно се чусствува ефикасен во Јувентус после една година отсутсво и играње за Милан.

„Игравме со доста самоувереност и дисциплина. Ја чувавме топката и не изгледавме лошо кога Интер напаѓаше. Мислам дека вечерва го видовме Јувентус во правото светло, но мислам дека има сеуште простор да напредуваме уште повеќе“, рече Бонучи и додаде:

„Ова беше натпревар во кој уживавме. Имаше доста притисок и тоа е секогаш така кога има дерби. Се чуствувам одлично, чуствувам дека ја вратив довербата во навивачите и моја должност е да го дадам својот максимум и да им помагам на моите соиграчи. Сега сум постар и поискусен, знам дека морам да бидам малку поодговорен“.