Бонучи поднесе тужба против Јувентус – бара отштета!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот дефанзивец Леонардо Бонучи му се налути на Јувентус и поднесе тужба затоа што тренирал навечер и сам без соодветни услови за подготовка за новата сезона.

Бонучи смета дека му е нарушен имиџот затоа што пред почетокот на сезоната му било соопштено дека не е во плановите на тренерот Масмилијано Алегри, по што замина во Унион Берлин.

Дефанзивецот поднел тужба против Јувентус и бара отштета, која ќе ја донира во хуманитарни цели доколку го добие калчолигашот на суд.

Парите ќе бидат донирани на невладина организација од Торино, која им помага на семејствата чии деца се хоспитализирани на одделот за неврохирургија во болницата „Реџина Маргерита“.