Борко Ристовски замина на позајмица во Лемго (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот голман Борко Ристовски го напушти Вардар и се пресели во германскиот тим Лемго, каде што ќе остане следните два месеци.

Ристовски доаѓа во Лемго за да му помогне со искуството и да го извлече од кризата во која се наоѓа тимот.

„Борко е искусен голман и таков човек баравме во моментов. Среќни сме што успеавме брзо да се договориме“, вели поранешниот чувар на мрежата на Лемго, Јерг Церајке.

Ристовски ќе застане меѓу стативите на Лемго на местото на Урх Кастелиц, кој правеше операција и ќе мора да паузира до осум недели.