Борусија Дортмунд и официјално го ангажираше Емре Чан


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од редовите на Борусија Дортмунд потврдија дека германскиот интернационалец, Емре Чан е нов фудбалер на клубот.

26 годишниот фудбалер ќе ја помине оваа сезона како позајмен фудбалер на „Сигнал Идуна Парк“, а по крајот на оваа година неговиот договор може да биде перманентен доколку Борусија се одлучи да го откупи од Јувентус.

„Верувам дека тимот има потенцијал за да освои нешто. Убеден сум дека можам да им помогнам. Сакам да стапнам на теренот, отсекогаш имав симпатии за овој клуб и со нетрпение очекувам да заиграм пред овие фанови по кои Борусија Дортмунд е позната низ целиот свет“- изјави Емре Чан.