Бостон го декласира Милвоки со 41 поен разлика (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во битката меѓу најдобрите два тима на Истокот, Бостон славеше кај Милвоки со неверојатни 140-99 и така потврдија дека се едни од главните фаворити за шампионскиот прстен.

Кошаркарите на Бостон беа расположени на гостувањето. Џејсон Тејтум и Џејлен Браун со 70 поени, додека во сенка падна Јанис Адетокумпо, кој доби и „банана“ од Роб Вилијамс.

Пораз запиша и Денвер нагетс од Њу Орлеанс со 88-107, а повторно на паркетот го немаше српскиот кошаркар Никола Јокиќ, додека на теренот Џамал Мареј постигна 21 поен. На спротивната страна најдобар беше Брендон Инграм со трипл-дабл со 31 поен, 11 скокови и 10 асистенции.