Бостон го реши Торонто во „мајсторка“, Денвер се спаси против Клиперс (ВИДЕО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Денвер нагетс славеше со 111-105 во петтото полуфинале на Западот против Лос Анџелес Клиперс и така намалија на 2-3, со што избегнаа елиминација.

Денвер во текот на цел натпревар имаше негатива, а а полувреме таа изнесуваше дури 16 поени, сепак работите се променија во финишот.

Џамал Мареј постигна 26 поени, додека Никола Јокиќ додаде 22 поени.

Торонто репторс нема да ја брани титулата, откако Бостон триумфираше во седмиот меч со 92-87 и се пласираше во финалето на Истокот.

Бостон во финалето на Истокот ќе се соочи со Мајами хит.