Бостон немаше сила за чудо: Мајами ќе игра во финале на НБА (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кошаркарите на Мајами хит триумфираа со 103-84 против Бостон селтикс во „мајсторката“ и обезбедија место во големото финале во НБА-лигата.

Џими Батлер постигна 28 поени, седум скокови и шест асистенции за Мајами хит и така го предводеше својот тим до четврти триумф во серијата и пласман во финале, каде што за шампионскиот прстен ќе се бори против Денвер нагетс, а првиот натпревар е закажан за четврток.

„Понекогаш мора да страдате за работите што ги сакате, оваа група покажа карактер и упорност и тоа се исплатеше на крајот“, кажа тренерот на Мајами хит.