Бостон стигна до 50 победи и продолжи да го „брка“ врвот на Истокот (Видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Бостон селтикс игра одлично оваа сезона и синоќа славеше против Сакраменто кингс (132-109) за 50. победа оваа сезона, со што продолжи да го брка врвот на Истокот.

Џејсон Тејтум беше најефикасен на теренот со 36 поени и осум скокови, додека на теренот доби помош од Џејлен Браун со 27 и Дерик Вајт со 20 поени.

Кошаркарите на Бостон во моментов имаат 50 победи, односно една помалку од лидерот Милвоки.

Резултати:

Лос Анџелес Клиперс – Оклахома 100-101

Сакраменто – Бостон 109-132

Бруклин – Кливленд 109-115

Атланта – Детроит 129-107

Њу Орлеанс – Сан Антонио 119-84

Орландо – Вашингтон 122-112