Ботас ја искористи казната на Хамилтон и победи во Русија!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас триумфираше на трката за Големата награда на Русија во Сочи. Тој тргна од третата позиција и на крајот лесно стигна до втората победа во кариерата на патекава.

Втор заврши Макс Ферстапен, додека трет беше Хамилтон, по што следеа Серхио Перез, Даниел Рикардо, Шарл Леклер, Естебан Окон, Данил Квајт, Пјер Гасли и Александар Албон во топ-10.

Ботас на самиот старт  го премина Ферстапен, а подоцна ја искористи и казната на неговиот тимски колега Хамилтон.

Хамилтон поради крешка беше казнет со по 10 секунди, што го спречи да го стигне легендарниот Михаел Шумахер на вечната листа по број на победи.