Брајтвајт заработи милиони евра надвор од теренот – има 250!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Напаѓачот на Барселона, Мартин Брајтвајт е еден од најбогатите фудбалери. Овој 30-годишен играч потпиша за каталонскиот тим во јануари 2020 година и доби плата од 4,5 милиони евра по сезона.

Иако од договорот со Барселона доби милиони евра, сепак данскиот фудбалер заработи богатство и надвор од теренот благодарение на одличните инвестиции.

Брајтвајт заедно со неговиот вујко создал компанија во САД, а се занимава со недвижнини и според „Форбс“ неговата компанија вреди 250 милиони евра.

Богатството го создал за само четири години. Почнал со инвестиција во 2017 година од 850.000 долари, а секоја година неговото богатство се зголемувало.

„Првата куќа ја купив на 22 години во Франција. Знаев дека морам да ја кренам вредноста и потоа да ја претворам во заработка. Фудбалската кариера има свој крај и сакав да си осигурам приходи во иднина“, вели Брајтвајт.