Браќата на Јокиќ: Прекини да се закануваш, зашто ќе те начекаме!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Никола Јокиќ брутално го турна Маркиф Морис на дуелот меѓу Денвер нагетс и Мајами хит, по што двајцата заработија исклучување, а сега почнаа препукувањата преку социјалните мрежи.

Маркус Морис кажа дека Србинот ќе запамети добро дека го удрил неговиот брат од зад грб и ќе му врати за тоа, но веднаш реагираа Страхиња и Немања, браќата на Јокиќ.

„Остави ја работата како што е, наместо јавно да се закануваш на нашиот брат. Ако сакаш да продолжиш вака, тогаш биди сигурен дека ќе те чекаме“, напишаа браќата.