Браќата Стојановски ќе останат во МЗТ Скопје


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонските кошаркари, Војдан и Дамјан Стојановски и следната сезона ќе играат за МЗТ Скопје, откако потврдија дека не планираат да бараат нов ангажман.

Без разлика на понудите кои доаѓаат до нив, браќата Стојановски остануваат посветени на проектот во тимот од Аеродром.

„Горди сме што во следните 365 дена ќе го имаме капитенот Дамјан, а покрај него ќе биде уште една македонска легенда, односно неговиот брат Војдан“, објавија од тимот.