Бразил има нов селектор – не е ниту Анчелоти, ниту Мурињо!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалската репрезентација на Бразил го ангажира Доривал Јуниор како нов селектор, а информацијата ја потврди и Сао Паоло кој ја прекина соработката со тренерот.

Бразилските медиуми пишуваат дека Доривал ќе потпише договор со Бразил до 2026 година, иако тоа допрва треба официјално да биде потврдено.

„Нашиот клуб го најавува заминувањето на тренерот Доривал Јуниор, кој побара раскин на договорот за да ја преземе бразилската репрезентација“, објави Сао Паоло.

Доривал во својата тренерска кариера ги предводеше Фламенго, Палмеирас, Сантос, Флуминенсе, Васко де Гама, Крузеиро, Интернационал и други.