Бразилците признаа дека Анчелоти е фаворит за селекторското столче


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти е сериозен кандидат за селекторското столче во Бразил, а тоа го потврди претседателот на Фудбалскиот сојуз на Бразил, Едналдо Родригез.

Бразил остана без селектор по разочарувањето на Мундијалот во Катар, односно по елиминацијата во четвртфиналето.

„Анчелоти е почитуван меѓу фудбалерите. Не само кај Роналдо или Винисиус, туку и другите“, кажа Родригез.

Италијанецот има договор со Реал Мадрид до јуни 2024 година, но постои шанса да се раздели со шпанскиот гигант затоа што ја загуби битката со Барселона за титулата во Ла Лига.