Бразилецот си нема мир: Пеле заврши во болница, ситуацијата е критична!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот бразилски фудбалер и легенда, Пеле повторно е во болница откако неговата здравствена состојба се влошила.

Пеле веќе подолг период води битка со ракот, а овој пат ситуацијата дополнително се искомплицирала кога на 82-годишниот Бразилец му се појавил оток по телото.

Третманот кој го користи Пеле во изминатите месец не дал резултати и неговото тело не одговорило позитивно на хемотерапијата која ја примил.