Бразилска сапуница: Ѕвезди на Реал и Фламенго си ги размениле девојките


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бразилските медиуми пишуваат за нова љубовна сапуница во која се вмешани Едер Милитао од Реал Мадрид и Леао Переира од Фламенго, кои си ги размениле девојките со кои имаат деца.

Милитао бил во љубовна врска со Каролина Лима до пред неколку месеци со која има ќерка, а сега таа му е девојка на Переира.

Од друга страна, Переира се разделил со Таиња Кастро со која има две деца, па таа сега е во романтична врска со дефанзивецот на Реал Мадрид.

Лима се разделила со Милитао неколку дена пред да му ја роди ќерката, додека Таиња не е со Переира уште од почетокот на септември.