Бразилски напаѓач ги понижи Аргентинците 📸


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дербито меѓу Бразил и Аргентина во неделата беше прекинато по само пет минути игра затоа што бразилските здравствени власти влегоа на теренот да приведат аргентински играчи.

Бразилците сметаат дека Кристијан Ромеро, Џовани Ло Селсо, Емилијано Мартинез и Емилијано Буендиа не биле во задолжителен карантин од 14 дена кога стигнале од Англија.

Властите инсистираа на депортација на играчите, поради што мечот беше откажан, а бразилската репрезентација си одработи тренинг.

Веднаш потоа пристигна провокација и од бразилскиот напаѓач Ришарлисон, кој објави дека Аргентина изгубила со 0-1.