Брера Струмица се засили со младински репрезентативец на Македонија

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Филип Антовски го облече дресот на прволигашот Брера Струмица.

Антовски се сели во Струмица од редовите на чешката екипа Карвина, а со Брера потпиша договор и следната сезона ќе биде дел од првиот тим на стратегот Бојан Круљ.

Македонскиот фудбалер претходно играше за младинскиот состав на Вардар, Динамо Загреб, но и за Славија Софија, Австрија Виена и Истра.