Брестовац: Време е Египет да стане светски шампион, ова беше лекција за нас!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот селектор Данило Брестовац пред новинарите имаше само пофални зборови за Египет, кој вчера нѐ декласираше во второто коло од групата Г на Светското ракометно првенство.

Брестовац кажа дека Египет ќе биде следен светски шампион, а овој пораз бил лекција за Македонија за тоа како треба да работи во иднина.

„Египет е моќна екипа, која е одлично градена генерација со години. Време е да го освојат СП. Покажаа како изгледа модерен ракомет, кој ние го немаме како репрезентација. Ова треба да биде лекција за нас. Зборувам на ракомет на ова ниво. Не очекував толку голем пораз, но Египет покажа дека е помоќен од нас“, порача Брестовац.