Британската Влада даде дозвола за продажба на Челси


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Владата на Велика Британија дозволи продажба на англискиот гигант Челси, а тоа го потврди министерката за спорт, Надин Дориес.

Газдата на клубот Роман Абрамович е под санкции на Владата, а го стави Челси на продажба уште на почетокот на март, откако почна руската инвазија во Украина.

„Задоволни сме што процесот на продажба нема да донесе бенефит на Абрамович или останатите санкционирани индивидуи. Со оглед на санкциите кои ги воведовме кон Путин. Иднината на клубот може да биде загарантирана само ако добие нов газда“, кажа министерката.

Во вторникот конзорциумот Боели-Клирлејк се согласи да го купи Челси за 5,33 милиони долари, а го помина и директорскиот тест низ кој мора да минат сите сопственици на премиерлигаши.