Брутален нокаут во ММА за само три секунди (Видео)

Кубанецот Робелис Деспањ постави нов рекорд во ММА, откако го нокаутираше Стиви Пејн за само три секунди.

Деспањ, кој освои бронзен медал во Лондон во 2012 година и две бронзи на Светските првенства, претходно го држеше рекордот за нокаут за 12 секунди, но сега го подобри резултатот.