Брутална пресметка: Актерот Милан Калиниќ му скрши глава на навивач на Ц. Звезда (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кошаркарите на Црвена Звезда се пласираа во финалето на АБА-лигата, откако го понижија вечниот ривал Партизан со 84-63 во решавачкиот меч од полуфиналето.

Црвено-белите успеаа да го победат лутиот ривал, но кошарката не беше во центар на внимание, туку тоа беше една брутална тепачка, која се случи пред почетокот на дуелот.

Во инцидентот учествуваше актерот Милан Калиниќ, кој се истепа со еден навивач на Ц. Звезда. Медиумите пишуваат дека конфликтот се случил, откако навивачот седнал на местото на Калиниќ во ВИП-делот.

Калиниќ го замолил навивачот да стане, а кога тој одбил да го направи тоа – почнала пресметката. Потоа навивачот го удрил Марко Павловиќ, кој бил пред Калиниќ, по што актерот се „претвори“ во ММА-борец.

Тој му зададе неколку жестоки удари на навивачот, кој на крајот со скршена глава си замина од салата.