Буфон го испофали Влаховиќ: Во мое време немаше такви фудбалери!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот голман Џанлуиџи Буфон е воодушевен затоа што Јувентус се засили со српскиот голгетер Душан Влаховиќ од Фиорентина.

Јувентус имаше кризен период, кој очигледно почна полека, но сигурно да го надминува, а најновиот трансфер покажува дека амбициите им се враќање во трката за шампионската титула.

„Влаховиќ е најубав и најголем потпис, нешто што ќе предизвика големо изненадување. Заедно со Халанд и Мбапе, тој е најдобар млад играч во светот. Тој има нешто поразлично. Во мое време немаше такви фудбалери, кои се високи 190 сантиметри и играат толку добро“, вели Буфон.

Италијанецот зборуваше и за иднината на Пауло Дибала, кој се поврзува со заминување од Јувентус.

„Ако остане Дибала, тогаш тоа ќе биде одлично. Да сум на негово место, би се откажал од некои финансиски бенефити“, кажа голманот.